Јованоски: 9 Мај е денот кога ја славиме победата на разумот и европските вредности, над поделбите и деструкциите

Честитка на градоначалникот Илија Јованоски по повод 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и денот на Европа:

 

9.Maj е Денот кога ја славиме победата на слободата и правдата, над војната и фашизмот, победата на разумот и европските вредности, над поделбите и деструкциите.

Годинава одбележуваме 75 години од победата над фашизмот и 70 години од потпишувањето на Декларацијата на Роберт Шуман, со која се отвори и трасираше патот на соработка и обединување на европските народи.

Слободарскиот дух и поривот за правда и еднаквост на сите народи, се дел од нашето херојско минато, за што сведочи жртвата на хероите и борците кои ја градеа државата врз темелите на антифашизмот.

Денес цврсто чекориме кон иднината, разојот, напредокот и интеграцијата во Европската Унија, како слободна и демократска земја во која се негуваат европските вредности.

Нека е честит Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа!