ОБЈАВА бр.01/2019 за давање под закуп недвижна ствар-деловен простор

Врз основа на член 2 став 4 алинеа 1 и член 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16,21/18 и „ Сл.  Весник на РСМ“ бр.101/19), Одлука бр.09-4626/28 од 26.12.2018 година, донесена од страна на Советот на Општина  Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп бр.18 од 26.12.2018 година ) Одлуката бр.09-2397/9 од 08.07.2019 година, донесена од страна на Советот на Општина  Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп бр.11 од 08.07.2019 година ) и Правилникот за условите, начинот и постапката за користење и располагање со стварите во сопственост на ЕЛС-Општина Прилеп, давање и примање на подароци и за евиденција на недвижните ствани во сопственост на ЕЛС- Општина Прилеп(Службен гласник на Општина Прилеп бр.14/2009, 12/2015 и 11/2018 )и Проценката на недвижен имот – деловен објект од овластен проценител Трговско друштво за градежништво, промет, и услуги ГЕНИКО увоз-извоз ДОО Прилеп ул. Андон Слабејко бр.46 , Про.бр.169 од 28.06.2019 година заверено со архивски број во Општина Прилеп 03-2111/2 од 03.07.2019 година, Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Прилеп објавува, 

ОБЈАВА бр.01/2019

          за давање под закуп недвижна ствар-деловен простор сопственост на Општина Прилеп по пат  на електронско јавно наддавање                                    

и

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА бр.01/2019

 за давање под закуп недвижна ствар-деловен простор сопственост на Општина Прилеп по пат на електронско јавно наддавање(прв пат)бр.03-4256/1 од 17.12.2019 година

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање е давање под закуп на недвижна ствар, деловен простор во склоп на Градскиот стадион на ул. „Александар Македонски“ бр. 414 (поранешна Моша Пијаде бб) кој се наоѓа на КП бр.15625, дел 1, број на зграда 1,намена на зграда Б6-1, влез 1 , кат ПР, бр.1 , намена на посебен дел од зграда ДП , со површина од 124 м2, заведено во ИЛ.бр.61643 за КО Прилеп во сопственост на Општина Прилеп, согласно табеларниот преглед:

Р. бр. Адреса Опис на деловниот простор Површина Вкупна вредност денари Почетна цена на месечна закупнината (0,5% од проценетата вредност) Банкарска гаранција 2% од   проценетата вредност Почеток

Час

1. М.Пијаде КП бр.15625, дел 1, број на зграда 1, намена на зграда Б6-1, влез 1 , кат ПР, бр.1, намена на посебен дел од зграда ДП , запишан во ИЛ 61643, КО Прилеп

за времетраење од  4(четири) години.

 

124 м2

4.922.903,00 денари 24.615,00 денари 98.458,00 денари 10:00ч

За земјиштето со КП.бр.15625/1 КО Прилеп на кое се наоѓа недвижната ствар – објект деловен простор кој е предмет на давање во закуп донесен е АУП за УЕ бр.16-дел, УБ16/2 УМ1 – градски фудбалски стадион. Потврда за заверка број 09-3164/1 од 05.12.2016  година.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

За недвижната ствар која е предмет на објавата на јавно наддавање, може да се пријават за учество сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на недвижните ствари на територијата на РСМ согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата. 

НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него се уште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделена заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (се мисли на учество во постапка која ја спроведува било која Општина). 

За учество во електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат Пријава,  која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во Објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое правно и физичко лице треба претходно да се регистрира на веб страната www.e-stvari.mk .

Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

Документи потребни за пријава за електроноско јавно наддавање се следните:

  1. Доказ за иднетитетот (полн назив, точна адреса, кој документи се приложуваат кон пријавата, телефон);
  2. За правни лица-Доказ за регистрација на правното лице од Централниот Регистар на Р.С.Македонија или друг соодветен регистар;
  3. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице,
  4. За физички лица-Лична карта или патна исправа;
  5. Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
  6. Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата;
  7. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање.

Пријавите кои нема да бидат комплетни со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Вкупна проценета вредност на недвижните  ствари изнесува 4.922.903,00 денари

Висината на почетна цена за закупнината изнесува 24.615,00 денари

Периодот за давање под закуп на деловниот простор е за период од 4 (четири)години 

РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ  И ВРЕМЕ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ:

Пријавите за учество на Јавното наддавање потребно е да се достават во рок од 15 дена од денот на објавување на објавата.

Пријавите се поднесувааат  во електронска форма  на следната интрнет страница www.e-stvari.mk.

Електронското Јавното наддавање ќе се одржи во рок од 7 дена од истекот на рокот определен за поднесување на пријави за учество на Јавното наддавање  со почеток во  10 :00 часот, за точниот датум ќе бидете информирани електронски на интернет страната www.e-stvari.mk.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на следната интернет страна www.e-stvari.mk.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ

Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од вкупната проценета вредност на недвижните ствари, односно  98.458,00 денари. Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана копија на оригиналот во PDF формат подносителот на понудата/пријавата за учество е должен до крајниот рок за поднесување на понуди/пријави,  банкарската гаранција за сериозност на понудата да ја достави и во писмена форма и во оригинал преку пошта или со лично доставување на адресата на Општина Прилеп ул. Прилепски бранители бр. 1, 7500 Прилеп до Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Прилеп. Недоставувањето на банкарска гаранција во писмена оригинална форма на посочената адреса  ја прави пријавата/понудата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот  на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

ПОСТАПКА

Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува Комисијата за недвижни и движни   ствари при Општина Прилеп.Подносителите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање на денот на спроведувањето на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата наведена во објавата со корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање по што имаат право на учество на јавното наддавање. Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи, доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на месечната закупнина и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на месечната закупнина. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2 % по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.

Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност.

Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30 % од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена  која претставува највисока цена за месечната закупнина.

Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.

Против решението донесено од комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

ОБВРСКА НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој што понудил последна цена на закупнината која што претставува највисока цена за закуп на недвижната ствар.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата на трезоска сметка бр. 100000000063095, Банка на примачот НБРМ, уплатна сметка 840-156-06553, приходно конто 723914 и програма 00, во согласност со постигната крајна цена на месечната закупнина. Доколку не ги уплати во овој рок нема да пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана и понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно наддавање за предметните недвижни ствари.

По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од петнаесет работни дена по извршената на уплата на цената на недвижните ствари се склучува договор за закуп  на недвижна ствар во писмена форма кој во рок од 30 дена се доставува кај Нотар заради вршење на солемнизација.

На договорот за закуп соодветно ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.

Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на закупопримачот.

Оваа објава ќе биде објавена на web страната на Општина Прилеп

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА бр.01/2019

за давање под закуп недвижна ствар-деловен простор сопственост на Општина Прилеп по пат на електронско јавно наддавање(прв пат)бр.03-4256/1 од 17.12.2019 година

Во Објава бр.01/2019 за давање под закуп недвижна ствар-деловен простор сопственост на Општина Прилеп по пат на електронско јавно наддавање (прв пат)со архивски бр.03-4256/1 од 17.12.2019 год. објавена на ден 19.12.2019 година во печатениот медиум „Вечер“  и „Лајм“ се врши исправка и тоа:

Поднасловот   УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ се менува и гласи НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Во останатиот дел останува непроменето.

Поднасловот РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ И ДАТУМ  И ВРЕМЕ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ се менува и гласи:

РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ  И ВРЕМЕ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ:

Пријавите за учество на Јавното наддавање потребно е да се достават во рок од 15 дена од денот на објавување на објавата.

Пријавите се поднесувааат  во електронска форма  на следната интрнет страница www.e-stvari.mk.

Електронското Јавното наддавање ќе се одржи во рок од 7 дена од истекот на рокот определен за поднесување на пријави за учество на Јавното наддавање  со почеток од  10 :00 часот , за точниот датум ќе бидете информирани електронски на интернет страната www.e-stvari.mk.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на следната интернет страна www.e-stvari.mk

Во Поднасловот ОБВРСКА НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ наместо Данокот на промет  и нотарските трошоци се обврска на најповолниот понудувач треба да стои Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓаат на товар на закупопримачот.

Поради не објавување на Објава бр.01/2019 за давање под закуп недвижна ствар-деловен простор сопственост на Општина Прилеп по пат на електронско јавно наддавање (прв пат) со архивски бр.03-4256/1 од 17.12.2019 год.во печатениот медиум „Слободен печат “на ден 19.12.2019 година а согласно член 24 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16,21/18 и „ Сл.  Весник на РСМ“ бр.101/19) истата треба да биде објавена во два дневни весници кои се издаваат на македонски јазик  и еден дневен весник кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик Комисијата  за недвижни и движни ствари при Општина Прилеп беше спречена да ја продолжни постапката во електронскиот систем за јавно наддавање со нејзино објавување на веб страната www.e-stvari.mk .

Од таа причина  поради усогласување на Објавата со постојаната законска регулатива ОБЈАВА бр.01/2019 за давање под закуп недвижна ствар-деловен простор сопственост на Општина Прилеп по пат на електронско јавно наддавање и ИСПРАВКА НА ОБЈАВА бр.01/2019 за давање под закуп недвижна ствар-деловен простор сопственост на Општина Прилеп по пат на електронско јавно наддавање(прв пат) бр.03-4256/1 од 17.12.2019 година ќе биде повторно објавена во три дневни весници и на веб страната на Општина Прилеп.

Бр.03-4256/2                                                                 Општина Прилеп

                                                             Комисијата за недвижни и движни ствари

Оглас на веб

Оглас