Неисправна вода за пиење во населено место Ѓумушица

Не е исправна водата за пиење од крајпатната чешма во населено место Ѓумушица. Водата од ова чешма според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.

Центарот за јавно здравје – Прилеп врши редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи кои што се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“.