ЈКП „Водовод и канализација“ решава децениски проблеми во „Тризла“

Екипи на ЈКП „Водовод и канализација“ од Прилеп деновиве вршат инспекција  во горниот дел од улицата „Горан Миноски“ во населбата „Тризла“,  каде што жителите со години се соочуваат со сериозни комунални проблеми.

„Излеговме на терен со стручни лица од претпријатието, за да ја согледаме фактичката состојба на теренот. Жителите имаат сериозни проблеми, што не биле решавани со години. Ги чувме забелешките на граѓаните. Тие се незадоволни, бидејќи во овој дел од градот, не е изградена водоводна и канализациона мрежа. Нашата работа е фокусирана кон изнаоѓање прифатливо техничко решение за подобрување на водоснабдувањето во овој дел од градот, а особено за обезбедување приклучоци на домаќинствата на канализационата мрежа“, информираат од ЈКП „Водовод и канализација“.

Оттаму истакнуваат дека се вложуваат сите напори за изнаоѓање адекватна солуција за овој проблем.