Небезбедна водата за пиење од јавните чешми во с.Плетвар и крајпатната кај „Че“

Врз основа на направеното тестирање на водата за пиење од мерното место Плетвар крајпатната чешма кај ресторанот „Че“, од Центарот за јавно здравје ги информира граѓаните дека водата од оваа чешма не е здравствено исправна и не смее да се користи за пиење.

Исто така, од прилепскиот Центар за јавно здравје информираат дека неисправна за пиење е и водата од јавната чешма во с.Плетвар. Медицинските стручњаци препорачуваат водата да не се користи за пиење, без претходно вриење од 10 минути.