На Свечена седница на Советот на Општина Прилеп, по повод „3-ти Ноември„, Денот на ослободувањето на Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ на свечен начин беа доделни 3то ноемвриските признанија и награди на поединци, асоцијации и компании кои дале свој придонес во општественото живеење и развој на Прилеп.
Годинава комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп им додели признание златна плакета за животно дело на тројца еминентни прилепчани: Академик, д-р Валентин Мирчески, за особен придонес во природноматематичките и биотехничките науки, на примариус д-р Благоја Дамески и на Диме Попоски за особен придонес во музиката, режијата и во филмот.
Третоноемвриски плакети по повод „3-ти Ноември“, Денот на ослободувањето на Прилеп, им беа доделни на: музичката група „The Hounds“ за петнаесетгодишен развој на субкултурата во Македонија, компанијата GENTHERM за општествено одговорна компанија, на младинската екипа на ФК Победа за афирмација на спортот во Европа, на Територијалната противпожарна единица – Прилеп, за надчовечки напори за заштита на населението и околината, на компанијата „Технобен Нова“ – Прилеп, за развивање на современи трендови во индустријата, на слаткарницата ,,Шар” за 60 години јубилеј, на ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп, за хуманитарно работење во својата дејност, на група верни пријатели на манастирот „Трескавец“ за помагање и одржување на духовната врска и на пчеларското здружение ,,Братство” за 70 години јубилеј.
Третоноемвриски дипломи за поедници по повод „3-ти Ноември“, Денот на ослободувањето на Прилеп, им беа доделени на: ученикот од гимназијата „Мирче Ацев“, Петар Мирчески за бронзен медал на хемиска олимпијада, на библиотекарот, д-р Наде Караџоска за истражувачка дејност во сите области на библиотекарството, на Теодора Димеска како женски репрезентативец на Македонија во џудо, на професорката по музичка култура, при гимназијата „Мирче Ацев“, Татјана Иваноска за посветено работење со млади уметници, на музичкиот менаџер и хуманитарец, Хари Сековски за хуманитарец од дијаспората и на медицинската сестра, Елизабета Настеска за совесно работење во службата.
Во чест на празникот 3-ти Ноември, во НУЦК „Марко Цепенков“ бешеотворена и посебна изложба на фотографии насловена „Прилеп низ стари фотографии“ во која беа прикажани 20-тина фотографии од Прилеп низ вековите. На 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, се одржа и државно првенство во пинг понг за средните училишта и традиционалниот ликовен хепенинг на Арт плоштадот во центарот на градот.
Оваа година, по повод 79 години од Денот на ослободувањето на Прилеп од фашистичкиот окупатор, преку тридневна богата програма, од културни, хуманитарни и спортски настани, Прилеп го одбележа овој значаен празник во неговата историја под мотото „Борец, херој, хуманист!“
На свечена седница на Советот на Општина Прилеп доделени 3-то ноемвриските награди и признанија