На стрелиштето „Леково“ ќе се изведуваат боеви гаѓања

Во рамките на планските активности на Министерството за одбрана, на 20.09.2018 година, во периодот од 08.00 часот до 16.00 часот, на гарнизонското стрелиште „Леково“ – Прилеп, ќе се изведуваат боеви гаѓања од пешадиско вооружување.

Од тие причини, се известуваат граѓаните во наведениот датум, реон и време, да не изведуваат дополнителни активности, за да не дојде до несакани последици.