Механизација и вработени во Општина Прилеп, јавни претпријатија и „Изофас“ ги чистат дивите депонии

Преку,  100 вработени во Општина Прилеп и сите јавни претпријатија во надлежност на Општината, со соодветна механизација утре од 08 часот ќе ги чистат бројните диви депонии во околината на Прилеп.

Една екипа со механизација од приватната фирма Изофас и ЈП „Прилепско поле“ ќе чистат на потегот од хотелот Салида кон бензиската пумпа „Лук Оул“, на патот за Скопје. Друга екипа со механизација од ЈКП „Комуналец“ ќе чисти на потегот од хотелот Салида кон „Прилепска Пиварница“. Трета екипа пак со механизација од ЈКП „Водовод и канализација“ ќе ја чисти депомината на патот кон селото Оревоец.

Вработените од Општина Прилеп и јавните претпријатија ќе ги чистат бројните диви депонии кај вештачкото езеро. Ќе бидат распоредени на потегот од некогашниот хотел „Вештачко езеро“, до чешмата на патот за рудникот „Сивец“.

Градоначалникот  Илија Јованоски, којшто ќе биде дел од оваа акција, со директорот на ЈКП „Комуналец“ Звонко Јованоски, ќе дадат изјави за медиумите во 09.00 часот.

Во акцијата ќе даде свој придонес и ЈП „ПУП“, коешто со автобуси ќе го изврши транспортот на вработените до  соодветните локации, каде што се наоѓаат диви депонии.

Оваа масовна еколошка акција на Општина Прилеп што ќе се реализира во соработка со јавните претпријатија е дел од обемната еко-акција „Општините во Македонија-чистат“, иницијатива на Заедниците на локална самоуправа (ЗЕЛС).