Јавна презентација и јавна анкета

Се организира јавна презентација и јавна анкета по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 6, БЛОК 6.3, ОПШТИНА ПРИЛЕП кој се наоѓа во западниот прериферен дел од градот Прилеп и го дефинираат следниве граници:

Површината на планскиот опфат за Детален урбанистички план за Четврт 6, Блок 6.3, општина Прилеп, изнесува 188.435,494m2. Границата на планскиот опфат е дефинирана со линија и прекршни точки, а во согласност со претходна планска документација (ГУП за Град Прилеп 2013-2023). Планскиот опфат се предвидува во рамките на утврдениот Четврт 6, Блок 6.3.од Генералниот урбанистички план за Град Прилеп (2013-2023 донесен со Одлука бр. 25-2888/5 од 28.12.2015) и истиот е дефиниран по оската на сообраќајница дефинирана со овој ГУП и постојна улица, како и по оска на корито на „Оревоечка Река“ и по оска на железничка пруга Битола-Прилеп-Скопје.

Границата на плански опфат за Детален урбанистички план за Четврт 6, Блок 6.3, општина Прилеп е:

  • од север: по оска на постојна станбена улица „Бидимаж“,
  • од северисточна страна: по оска на постојна собирна улица С 4 „Димо Наредникот“,
  • од јужната страна: по оска на корито на Оревоечка Река
  • од запад: по оска на железничка пруга Битола-Прилеп-Скопје

Во рамките на планскиот опфат, a согласно извододот од ГУП на град Прилеп во границите на четврт 6, Блок 6.3 планирани се следните класи на намени:

  • А1 – Домување во станбени куќи
  • А2 – Домување во станбени згради
  • А4 – Времено сместување
  • В2 – Здравство и социјална заштита
  • В3 – Култура
  • Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија
  • Г3 – Сервиси
  • Д2 – Заштитно зеленило

Јавна анкета и јавната презентација по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 6, БЛОК 6.3, ОПШТИНА ПРИЛЕП,  ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 07.07.2021година до 20.07.2021година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 16.07.2021 година, четврток, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Превземете го соопштението, одлуката и планот.

                 

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Илија Јованоски