Јавна презентација и јавна анкета

Се  организира повторна јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за четврт 6, блок 6.2, КО Прилеп,Општина Прилеп. Границата на планскиот опфат на блокот 6.2  е дефинирана по следниот редослед:

Планскиот опфат кој е предмет на изработка на деталниот урбанистички план е дефиниран со следните граници:

Западната граница се движи по должина на осовината на собирната улица, ул.“Трајко Николоски” со ознака С6 во должина од 648,32м’, на исток оди по осовината на речното корито на река “Ореовечка” во должина од 245,45м’ со што ја формира јужната граница на опфатот, потоа врти во северен правец по осовината на железничката пруга Прилеп – Битола, во должина од 845,77м’ со што ја формира источната и североисточната граница на опфатот, се до почетната точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон со површината на планскиот опфат 161830,77 м2, односно 16,18ха.

Превземете ги одлуката, соопштението и планот.