Јавна објава

Согласно член 84 од Законот за општа управна постапка (Сл.Весник на РСМ бр.124/2015), Градоначалникот на Општина Прилеп ја дава следната :  

ЈАВНА  ОБЈАВА

Се објавува дека Градоначалникот на Општина Прилеп издаде Одобрение за отстранување на објект склон на паѓање (дел од семејна куќа во руинирана состојба) со бр.10-1064/9 од 06.05.2020 год. Објектот за кој е издадено  Одобрение за отстранување се наоѓа на ул. Републиканска -бб, на КП 13944 КО Прилеп  (објект бр.1 запишан во имотен лист бр.10095 КО Прилеп од 06.09.2019 год во сопственост на Ордан Настески од с. Мало Коњари, Општина Прилеп).

Од причина што на овој орган не му е познато живеалиштето на лицето Настески Ордан од Мало Коњари,истиот се повикува во рок од 10 дена од денот на оваа објава, да се јави во приемно одделение на Општина Прилеп (нова зграда), со цел да го прими Одобрение за отстранување на објект бр.10-1064/9 од 06.05.2020 год.

Оваа објава се смета за уредна достава , и негативните последици кои можат да настанат поради не обраќање до овој орган по истата , ги сносат самите странки.

                                                                                                     ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Илија Јованоски