1. Локалниот Младински Совет на Општина Прилеп е советодавно тело на Советот на Општина Прилеп, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во Општина Прилеп.
Во Локалниот младински совет на Општина Прилеп можат да бидат избрани млади со постојано место на живеење на територијата на Општина Прилеп со старосна граница од 15 до 29 години.
Комисијата на Локалното собрание на млади чија задача е избор на членови на Локалниот младински совет, ја разгледува целосната документација, го следи презентирањето на програмите на кандидатите и ги спроведува изборите во кои сите делегати на Локалното собрание на млади имаат право на глас.
2. Локалниот младински совет на Општина Прилеп брои 9 членови.
Локалниот Младински Совет од своите редови избира претседател. Избраниот претседател од членовите на Локалниот младински совет избира заменик претседател.
Членовите на Локалниот младински совет на Општина Прилеп се бираат со мандат од две години со право на уште еден избор.
3. Право на предлагање на кандидати за членови во Локалниот Младински Совет имаат: младински организации, организации за млади, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други регистрирани облици на организирање на младите.
4. Потребни документи за аплицирање:
• Мотивационо писмо на предложениот кандидат,
• CV на предложениот кандидат.
• Сертификати и дипломи добиени од курсеви, обуки и натпревари на кандидатот.
• Програма на кандидатот – приоритетни активности и временска рамка на истите.
• Краток опис на дејноста на организацијата / политичката партија;
5. Кандидатите имаат обврска програмата која што ќе ја достават, своите идеи и планови за работа накратко да ги презентираат пред членовите на Локалното собрание на млади.
6. Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Советот на млади на Општина Прилеп е 8 (осум) дена од денот на објавување на овој јавен повик на Веб страната на Општина Прилеп, односно заклучно со 25.03.2026 година
Ненавремено доставените документи и нецелосна документација нема да се разгледува.
Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Локалното Собрание на Млади со цел избор на членови на Локалниот Младински Совет при Општина Прилеп.
Предлозите за кандидати за членови на Локалниот Младински Совет на Општина Прилеп, со назнака “За Јавниот повик за членови на Локалниот Mладински Совет на Општина Прилеп – Предлог кандидат за избор на член на Локалниот Младински Совет”, се доставуваат во приемното одделение на Општина Прилеп секој работен ден (9:00ч – 11:00ч и 12:00ч – 14:00ч) или на адреса: Општина Прилеп Ул. Питу Гули бр. 2, 7500 Прилеп.
ПРЕЗЕМИ Документација за Јавен повик ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ 2026

