ОПШТИНА ПРИЛЕП
ОБЈАВУВА
Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Oпштина Прилеп доставено е барање за издавање на Б–интегрирана еколошка дозвола бр.10-2531/1 од 08.10.2025 година.
Подносител на барањето:
Друштво за трговија, услуги, откуп и преработка “БИМФООД” ДОО експорт-импорт Прилеп
Адреса: ул. “Александар Македонски” бб Прилеп
Категорија на инсталација:
Прилог 2, Точка 6. Останати активности, точка 6.б) Обработка и преработка наменета за производство на храна од растителни суровини со капацитет на производство на готовипроизводи од 30-300т/ден (просечна вредност на квартална основа) (Сл.весник на РМ 89/05).
Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена во просториите на:
Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот
Одделение за урбанизам и заштита на животна средина
Ве информираме дека Барањето за Б–интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на Општина Прилеп.
Сите засегнати правни и физички лица може да достават писмен коментар во однос на поднесеното барање за Б-ИЕД. Коментарите треба да се достават до Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Прилеп на горе наведената адреса во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Барањето за БИЕД .
Општина Прилеп
Градоначалник
Дејан Проданоски

