Јавен повик за организација на ЈП и ЈА

Врз основа на челн 29 став 4 и челн 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.5/02), донесената Годишна програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата  на  Општина Прилеп  за 2022 година, Градоначалникот на Општина Прилеп упатува:

Ј А В Е Н    П О В И К

За организриање на јавна презентација и јавна анкета за предлог- Урбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, КО Тополчани, Општина Прилеп

Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица на подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскио опфат, широката јавност, претставниците од стручната јавност, претставниците од органи на државната управа, претставници на единиците од локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирењто и за конкретниот плански опфат, дека општина Прилеп организира јавна презентација и јавна анкета за предлог- Урбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, КО Тополчани, Општина Прилеп.

Граница на опфатот се:

На исток границата започнува од точката 1 и се движи по источниот раб на КП 1364 во северозападен правец се до точка 4, каде ја сече КП 3032 и продолжува во истиот правец се до најсеверната точка 5, потоа продолжува по северниот раб на КП 3032 во западен правец се до точка 13 и се спушта југозападно и повторно ја сече КП 3032 и КП 1358 се до точка 16 каде почнува да се движи во истиот правец по западниот раб на КП 1359 и КП 1368 се до точка 20 и продолжува западно по работ на КП 1370 се до точка 21 и продолжува во северозападен правец по источниот раб на КП 1377/1 се до точка 23, каде правецот продолжува во северозападен правец по северниот раб на КП 1377/1 и КП 1378, се до најзападната точка 27 и се спушта во југозападен правец по западниот раб на КП 1378, се до точката 28, каде продолжува во југо источен правец по јужниот раб на КП 1378, КП 1377/1 и КП 1377/3 се до точка 36, каде продолжува по источниот раб на КП 1377/4, КП 1368 и продолжува по јужниот раб на КП 1363 и КП 1364 се до најисточната точка 51 и продолжува во северо источен правец по источниот раб на КП 1364 се до почетната точка 1.

Јавната анкета

 Јавната анкета за предлог- Урбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, КО Тополчани, Општина Прилеп со тех. бр. 0801-768/21 од април, 2022 год, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Прилеп како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 31 (триесет и еден) денови и тоа од 04.07.2022 година до 03.08.2022 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација 

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 20.07.2022 година во 12:00 часот во просториите на општина Прилеп.

Јавен повик.pdf

Решение за стручна комисија

Анкетен лист за ЈП и ЈА

УПВНМ Тополчани