ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ
(АВРСМ), и Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации
(УНДП) и Општина Прилеп, во рамките на Оперативниот план за активни програми и
мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на
Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана
од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 09.08.2023 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се
вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Во служба на заедницата
преку Општинско – корисна работа“ за вклучување/работно ангажирање со скратено
работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено
вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за
вработување Прилеп
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9
месеци.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата
„Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со
20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од
9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на
невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на
Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде
активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите
невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество
во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-
корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто
износ за времетраењето работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и
осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и
професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата
Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи
невработени лица:
– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на
невработени лица над 5 години)
– млади лица до 29 години
– лица постари од 50 години
– невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на
Коронавирусот COVID -19
– лица корисници на гарантирана минимална помош
– лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
– лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
– жртви на семејно насилство
– лица со попреченост
– жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките
заедници
– лица припадници на ромската етничка заедница
– самохрани родители
– родители на деца со пречки во развојот
– родители на 3 и повеќе деца
– лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Работно место 1: Образовен асистент во средно образование
Со следниве работни задачи:
Помош во совладување на наставна програма на ученик со посебни образовни потреби
(ПОП) вклучен во редовна настава во средните училишта.

Позиции за работно место 1: 3 (три) позиции
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:
Завршено високо образование за: Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог,
психолог, социјален работник, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог,
со завршено образование VII/1 степен, т.е. VI A степен според македонската рамка на
квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во
одделенска настава (VII/1 степен т.е. VI A степен според македонската рамка на
квалификации МРК или 240 ЕКТС), како и лице наставник по предметна настава (VII/1
степен т.е. VI A степен според МРК или 240 ЕКТ)
Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)
Сите кандидати треба да бидат евидентирани невработени лица, активни баратели на
работа во Центарот за вработување – Прилеп.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-
корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување
Прилеп во периодот од 09.08.2023 година до 15.08.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор
помеѓу општина Прилеп и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во
општина Прилеп кај лицето Винета Иваноска vineta.ivanoska@prilep.gov.mk, Општински
координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување-
Центар за вработување Прилеп кај лицето Ели Петрушеска, Центар за социјлна работа
Прилеп кај лицето Лиљана Јорданоска.

Општина Прилеп
_______________________