Изложбата со маски е увертира на карневалската забава за „Прочка 2018“

Проследете ги низ фотографии, маските што основците и средношколците од целата општина ги подготвија под менторска палка на своите наставници и професори, по повод „Прочка 2018“. Забавата продолжува утре на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, со детски карневал, во којшто се вклучени исто така сите основни и средни училишта во Прилеп. Бидете и вие дел од забавата во карневалски Прилеп!