Исчистени се бројни диви депонии во околината на Прилеп

Со механизација на прилепските јавни претпријатија и со поддршка на приватната градежна компанија „Изофас“ од Прилеп, денеска се исчистени бројни диви депонии во околината на Прилеп. Овие фотографии колку што говорат за ефектите од денешната еко-акција, нека служат како опомена за несовесните граѓани,за да прекинат со создавање нови диви депонии.

Животната средина е наш заеднички дом!
Да се грижиме за хигиената во нашиот дом,зашто така се грижиме и за нашето здравје и за здравјето на идните генерации!