Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 5 април до 11 април 2021 година

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 5 април до 11 април 2021 година, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 5 април до 11 април 2021 година, во општина Прилеп имало 328 нови случаи на Ковид-19;
  • Од последици на коронавирусот починале 19 лица;
  • Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 1.033; на болничко лекување се наоѓаат 125 лица, од кои 99 се на кислородна поддршка; во дневната болница се лекуваат 105 пациенти, а на домашно лекување се наоѓаат 98;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 7.632;
  • Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 364 лицa.