Честитка од градоначалникот Илија Јованоски до граѓаните од исламска вероисповед, по повод почетокот на Рамазанските пости

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед, во Светиот месец Рамазан, на сите вас ви посакувам лесни пости, духовно здравје, мир и благосостојба во домовите и семејствата.

Рамазанските пости, кои и оваа година се одвиваат во услови на светска пандемија со вирусот Ковид-19, нека бидат поттик за верба во милосрдието, солидарноста, љубовта и почитта кон другите, како највисоки вредности на човештвото.

Со почитување на мерките за заштита од најголемото зло на денешницата, коронавирусот, да продолжиме да се грижиме за сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски. Само со заеднички напори, ќе ја победиме пандемијата и ќе создадеме услови за чествување на празниците, согласно обичаите и традициите.

Нека е честит и за многу години Светиот месец Рамазан.