Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 25-ти август

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус;
  • Бројот на активни случаи изнесува 77, од кои 63 се наоѓаат на домашно, а 14 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 173 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 414.

Заради зголемувањето на бројот на заболени од Ковид-19 во општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски за утре, среда 26 август во 10 часот, закажа седница на Општинскиот кризен штаб. После завршувањето на седницата, градоначалникот Јованоски и претставник на Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе одржат прес конференција.