Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, петок 21 август

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 2 нови случаи на коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест;
  • Бројот на активни случаи изнесува 50, од кои 41 се наоѓаат на домашно, а 9 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 120 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 384.

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека состојбата со Ковид-19 во општина Прилеп е под контрола и дека нема место за паника. Зголемениот број на случаи кои беа регистрирани во изминатите денови, се должи на потврдени позитивни случаи на контакти од семејни кластери, кои се ставени во изолација.

Со почит,

Општина Прилеп