И покрај континуираните врнежи од снег, вработените во ЈКП „Комуналец“ успешно се справуваат со временските неприлики

Снегот кој интензивно паѓа повеќе од два дена, им создаде поголеми проблеми на
комуналните служби. Од рано наутро со механизација и рачен алат, вработените во ЈКП „Комунакец“ го чистат центарот на градот, тротоарите по главните улици и бекатон патеките во парковите во населбите „Димо Наредникот“, „Ѓогдере“ и „Точила“.

Согласно оперативниот план за зимски режим на работа, чисти и проодни се влезовите на институциите во градов, пристапите до пешачките премини, мостовите , а комплетно се оспособени сите патеки на плоштадот „Александрија“, Старата чаршија и улицата „Борка Талески“ која води до Градскиот пазар.

„Свесни сме за критиките од граѓаните кои ги упатуваат на наша адреса, но граѓаните пред се’ треба да ја испочитуваат работата на комуналците, кои од 5 часот утрово се на терен , со продолжено работно време до 14 часот, се’ со цел да овозможат градот да функционира нормално и во вакви отежнати услови. Денес се работи и втора смена, со сите постојни човечки ресурси. На одредени делови делувано е и со индустриска сол, но според метеоролозите кои најавуваат ниски температури, не секогаш солта може да помогне“, велат од оперативната служба на ЈКП „Комуналец“.

Од ова јавно претпријатие најавуваат дека паралено со континуираните врнежи на снег, вработените во ЈКП „Комуналец“ секоја отворена патека одново ја чистат. Комуналците остануваат на терен да ја извршуваат својата работна задача, со цел да им овозможат на граѓаните нормално движење и функционирање.