Хуманитарна акција во Прилеп „Подај рака-биди човек“

Во духот на чествувањето на патронот на Прилеп, свети Никола, а во рамките на активностите, годинава со логистичка поддршка на Општина Прилеп планирано е да се спроведе хумана акција „Подај рака – биди човек“. Акцијата ќе трае три дена од 10 до 13 декември во шест маркети во градот.

„Планирано е да собереме донации во храна. Сите хумани граѓани што купуваат таму, може да донираат. Тие донации ќе се распределуваат на граѓаните коишто припаѓаат на ранливите категории. Со тоа сакаме да ја покажеме нашата хуманост. Да го истакнеме она што свети Никола го правел, помагал на болни, изнемоштени и сиромашни. Ние ја продолжуваме таа традиција. Се надеваме на голем одзив. Да споделиме хуманост е интерес на сите. Може да се донира нерасиплива стока“,порачува Дејан Бунески од здружението „Епилепсија“ од Прилеп.

Оваа хуманитарната акција ја спроведува ова здружение заедно со о.о. на Црвен Крст од Прилеп и со поддршка на Општина Прилеп. За успехот на акцијата голем придонес има Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Така што пакетите што ке бидат донирани, ќе бидат доставени до центарот, а потоа транспортирани до семејствата. Хуманост значи помошта да стигне во вистински раце, без да се види ликот на овој,којшто донира, и оној што добива помош.