Градоначалникот Илија Јованоски на ансамблот „Војдан Чернодрински“, му го честиташе Светскиот ден на театарот

По повод Светскиот ден на театарот, ансамблот на прилепскиот театар
„Војдан Чернодрински“ вечерва ја одигра претставата „Љубовни пози на
историјата“ по текст на Горан Стефановски, (инспириран од книгата
„Неморалната историја на Првата светска војна“ од Магнус Хиршфелд), а
во режија на Наташа Поплавска.

Градоначалникот Илија Јованоски по спуштањето на завесата на штиците
што живот значат, им го честиташе на сите вработени, Светскиот ден на
театарот.

„Вечерва сум овде со вас за да ја изразам уште еднаш силната поддршка
за вашата креативна работа, да ви посакам многу и многу успешни
премиери во иднина. Но и да порачам дека ветеното ќе биде остварено,
Прилеп ќе има нов театар“, порача градоначалникот Јованоски.

Директорката на центарот за култура „Марко Цепенков“ Менче Караџоска
и раководителот на театарот „Војдан Чернодрински“, Стојан Дамчески се
заблагодарија на честитката истакнувајќи дека прилепскиот ансамбл со
максимална посветеност и професионалност работи на реализација на
планираните проекти за годинава, што се дел од годишната програма,
финансирани со средства од Министерството за култура.