Градоначалникот Илија Јованоски гостин во утринската програма на ТВ „Канал 5“

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, беше гостин во утринската програма на ТВ „Канал 5“, „Здраво Македонијо“. Гостувањето во утринската програма градоначалникот го искористи да ги покани сите љубители на карневалското дружење да дојдат во Прилеп и да бидат дел од 17 издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2018“, кој се одржува од 14 до 18 февруари.
Исто така, прилепскиот градоначалник зборуваше и за отворањето на дневниот Центар за деца со церебрална парализа, како и за одлуката на Советот на општина Прилеп и на ЈКП „Водовод и канализација“, да не дозволат зголемување на цената на водата.
Во продолжение, погледајте го гостувањето на градоначалникот Илија Јованоски во утринската програма на ТВ „Канал 5“.