Градинката „Наша Иднина“ Прилеп и основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Канатларци го прославија патрониот празник

Во пресрет на утрешниот голем државен празник, денес во организација на ЈОУДГ „Наша Иднина“ беше одбележан патрониот празник низ игри и интеракција на децата на фудбалскиот терен во кругот на Могилата.

Исто така во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во Канатларци  денеска со
пригодна програма беше одбележан патрониот празник. Се говореше за ликот и
делото на светите браќа, а потоа учениците изведоа рецитали, стихотворби,
играа и пееја македонски и турски песни.

Градоначалникот Борче Јовчески беше присутен на двата настани каде што ги поздрави учениците, наставниците, родителите и сите присутни при што им го честиташе големиот државен празник 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. „Честитајќи го овој празник се сеќаваме на големите македонски просветители кои што ни го подарија најголемото богатство, писменоста. Ликот и делото на основачите на првата словенска азбука-глаголицата, е нераскинлив дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.“ истакна градоначалникот Јовчески. Ова училиште во Канатларци е вистински пример за соживот. Овде наставата се изведува на македонски и турски јазик.