Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод 2 Август, Денот на Републиката

Почитувани граѓани,

Одбележувајќи 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ, оддаваме почит на херојските дела на нашите претци.

Славејќи ги двата Илиндена, со восхит и пиетет се потсетуваме на славните подвизи на комитите, партизаните, револуционерите и борците за независна македонска држава. Благодарение на нивната жртва и непокор, денес живееме во своја, самостојна и меѓународно призната држава.

Во ова време на големи предизвици, остварувањето на долгорочните интереси на држвата и граѓаните, го темелиме на идеалите на илинденците и асномците, кои не’ задолжија со своите безвременски дела.

Обврска и одговорност на секој од нас, е да продолжиме да си ја сакаме и чуваме татковината. Сплотено и одговорно да работиме на нејзината изградба како стабилно, демократско и развиено место за живот на секој нејзин граѓанин.

Нека ни е честит и вековит Денот на Републиката, 2 Август.