Барање за доставување на предлози за доделување на 3-то ноемвриски награди и признанија

           Барање за доставување на предлози за доделување
                   на 3-то ноемвриски награди и признанија

 

По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп 3-ти Ноември, Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници традиционално секоја година доделува општински награди и признанија “3-ти Ноември”  како и награда за животно дело.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.

Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп, на приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп почнувајќи од денес (11.09.2025) до 13.10.2025 година.           Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3-ти Ноември 2024 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.

 ПРЕТСЕДАТЕЛ 
на Комисијата за одбележување значајни настани,
личности и празници
Игор Николоски