Хуманитарен музички хепенинг на Lions клубот во Прилеп

Под покровителство на Општина Прилеп, а во организација на Lions клубот од Прилеп и подмладокот Лео клубот „Dream Team – од „Деца за Деца“, денеска на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ беше организиран хуманитарен музички хепенинг под мотото „Сплотени во хуманост- за Ивана“.

„Под покровителство на локалната самоуправа, Lions клубот и Лео клубот организираме хуманитарен музички хепенинг, а сите средства што ќе бидат собрани, ќе бидат донирани за Ивана, која боледува од леукемија“, изјави Снежана Соколоска, претседател на Лајонс клубот од Прилеп.

Настанот го поддржаа: КУД „Пенка Котеска“, КУД „Моминок“, Гоце Б.- Чоки со бендот, Зоран Илиев, Елена Јовческа, Анастазија Христоска, Ивона Нанческа, Михаел Милошески, Ален Хасановиќ , Александра Трајческа, New Generation,The Pioneers, Banda Band, High Start и Crossroad Blues Band