О Б Ј А В А на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Прилеп согласно  член 107 став 13 а во врска со член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 , 89/22 и 171/22) ја издава следната:

 

О Б Ј А В А

на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола

 

Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола заведено со деловоден број бр.10-160/1  од 15.01.2025 година.

 

Подносител на барањето:

БЕХТЕЛ ЕНКА УК 2 ЛИМИТЕД Обединето Кралство

Подружница во Северна Македонија Скопје

Адреса:  ул.„Максим Горки“ бр.13 НАСТЕЛ-зг. 1вл.1/4/4 Скопје Центар

 

Категорија на инсталација:

Прилог 2

Точка 3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 m3 (Сл.весник на РМ 89/05)

 

Нацрт Б–интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:

Општина Прилеп

Ул.Прилепски бранители  бр.1

Секој работен ден во работно време

Секторот за Урбанизам комунални работи и заштита на животна средина

 

Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk  на Општина Прилеп.

Општина Прилеп

Градоначалник   Дејан Проданоски

преземи Нацрт Б-ИЕД Бетонска база Бехтел Енка