79-годишнина од загинувањето на патронот на Прилепската Гимназија и Касарната „Мирче Ацев“

04 Јануари 1943 година, е денот кога бил убиен народниот херој Мирче Ацев. Во спомен и во чест на патронот на Прилепската Гимназија и касарната во Прилеп, денес беа положени цвеќиња во Алеата на Могилата на непобедените, на бистите на народните херои, во дворот во Гимназијата „Мирче Ацев“ и во касарната „Мирче Ацев“.

На свеченостите беше присутен градоначалникот Борче Јовчески како и претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, делегации од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, касарната „Мирче Ацев“ и Сојузот на борци од Прилеп.

Градоначалникот Јовчески ја искористи посетата на Гимназијата и направи увид на лице место во градежните активности за реконструкцијата на гимназијата.

Од страна на изведувачот и надзорот беше кажано дека реконструкцијата е при крај. Градоначалникот Борче Јовчески истакна дека мораме да направиме се што е во наша надлежност што побрзо да ги вратиме учениците во училишните клупи и да посетуваат настава со физичко присуство, онака како што им доликува на средношколците.