Извидниците од Македонија денеска се дружеа во Прилеп

OПаркот на Револуцијата денеска беше средиште на извидничка дружба на
членови на Сојузот на извидници на Македонија под мотото „Прилеп Ве
повикува 2018“, а нивен домаќин беше извидничкиот одред „Феникс“ .

„Околу 200 извидници од Прилеп, Битола, Куманово , Велес, Свети Николе,
Штип, Охрид, Кичево… овде сме собрани нешто да научиме, да видиме како да
го практикуваме наученото, да се дружиме и да имаме добра авантура“, изјави
Филип Стојаноски, старешина на извидничкиот одред „Феникс“.

Овој настан како што најавуваат од Сојузот на извидници на Македонија ќе се
одржува и во други градови.

„Ние сме коорганизатори на настанот ‘Прво коло извидничка лига – 2018’, што
ќе се одвива во десет градови на Македонија, каде што сите млади ќе се
натпреваруваат, покажувајќи ги своите извиднички вештини“,најави Благој
Костовски од Сојузот на извидници на РМ .
Учесниците се импресионирани од денешното дружење.
„Да се учествува во една ваква акција е многу убаво, бидејќи веќе започнуваатнатпреварите на извидниците, младите се повеќе се дружат, стекнуваат нови знаења, споделуваат и учат нешто ново“,вели Николче Костовски од
охридскиот извиднички одред „Пионер “.

„Извидничката лига е место каде извидниците треба да ги покажат сите свои
квалитети и сите стекнати вештини при реализација на нивните програми
креирани од одредите. Се надеваме дека денешното студено време нема да е
проблем да се реализира првото коло и сите овие млади деца кои што се
дојдени ќе бидат задоволни од организацијата на извидничкиот одред ‘Феникс’
од Прилеп“, вели Ангелче Гушев,старешина на извиднички одред „Димитар
Влахов“ од Велес.