Пријави корупција

Врз основа на член 50, став (8) од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/09), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 03 мај 2011 година, донесе УРЕДБА  ЗА ПОСТАПКАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕПРАВИЛНОСТИ, НАЧИН ЗА ПОСТАПКАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕПРАВИЛНОСТИ, НАЧИНОТ НА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА, ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА, РОКОВИТЕ И НАЧИНОТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕПРАВИЛНОСТИТЕ НАЧИНОТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕПРАВИЛНОСТИ.

Согласност со Член 50 став 2 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/09), Раководителот на субјектот од јавниот сектор-Градоначалникот  има обврска да назначи лице кое ќе известува за неправилности и сомнежи за измама или корупција во ЕЛС Општина Прилеп, а со цел да се спречи ризикот од неправилности и измами и преземање на дејства против неправилностите и измамите. Административниот  службеник Јасна Христоска, помлад соработник во Оддделението за јавни набави и  администрирање со движен имот во сопственост на Општината, при ЕЛС Општина Прилеп, е назначена за лице кое ќе известува за неправилности и сомнежи за измами или корупција.

Член 9 став  (1) од УРЕДБАТА  ЗА ПОСТАПКАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕПРАВИЛНОСТИ, НАЧИН ЗА ПОСТАПКАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕПРАВИЛНОСТИ, НАЧИНОТ НА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА, ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА, РОКОВИТЕ И НАЧИНОТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕПРАВИЛНОСТИТЕ НАЧИНОТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕПРАВИЛНОСТИ, гласи:

„Подносителот на пријава за неправилности и сомнеж за измама или корупција, информацијата може да ја достави до лицето задолжено за неправилности писмено, телефонски, по електронска пошта  или  по факс, лично или анонимно“.

Телефонскиот број преку кој може да се достави пријава е: 048/401-721

Службениот мејл  преку кој  може  да се поднесе пријава за неправилност и сомнеж за измама или корупција на ЕЛС Општина Прилеп е : prijavi.korupcija@prilep.gov.mk.

Седиште на  ЕЛС Општина Прилеп: УЛ.,,Прилепски Бранители“ бб-Прилеп