Здруженија во кои што членува општината

Општина Прилеп е член на ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа) која што иницијално е основана во 1972 година, но е реконструирана во 1995. Интензивна соработка со ЗЕЛС има од 1990 – 1996 година кога не постоеше сеопфатен закон за Локална самоуправа.

ЗЕЛС има изработено модел статут за Општина Прилеп, а воедно и форум за дебата за истите. Во секој случај соработката продолжува и понатаму и после донесувањето на новиот Закон за локална самоуправа донесен во 2002.

Членството на општините во ЗЕЛС според постоечката регулатива е задолжително.