Жбогар: Пречистителната станица кофинансирана со 17 милиони евра од ЕУ е уште еден успешен проект во земјата!

„Секогаш сум среќен кога се отвораат вакви проекти. Вакви проекти се суштината на поддршката на ЕУ.Тие се видливи, носат директна корист за граѓаните, и тие ве носат поблиску до европската иднина. Денешниот повод,ме прави уште посреќен, имам причина за тоа. Пред една година го посетив Прилеп, и тогаш беше изградена само една четвртина од оваа пречистителна станица. Благодарение на огромните напори од сите засегнати страни денеска можам со гордост да говорат за уште еден успешен проект од ЕУ.  Досега оваа е најголемата, а и најубавата пречистителна станица во земјата, која што е кофинансирана од ЕУ. Ние кофинансираме уште два други проекта, со цел оваа станица да стане целосно функционална. Тие вклучуваат 60 км канализациска мрежа само во Прилеп. Вкупниот придонес на ЕУ, само во тие проекти, надминува 17 милиони евра. Како што рече премиерот досега е обезбедена поддршка за три пречистителни станици за отпадни води, во Струмица, Кичево и Радовиш, а планираме уште две во Битола и Тетово“, акцентираше амбасадорот Жбогар денеска во Прилеп, на свеченоста по повод ставањето во функција на пречистителната станица за отпадни урбани води.

Како што рече Жбогар, ЕУ останува посветена на заедничкото работење. Се со цел да се обезбеди позелена и подобра иднина за сите граѓани. Се со цел граѓаните да можат да ја замислат европската иднина, која што денеска е поблиску, од кога и да е. Но, да не заборавиме, дека за да ни пристигне иднината поблиску, потребно е заложба и одговорно однесување на сите чинители, вклучително и граѓаните“, порача евроамбасадорот Жбогар од Прилеп.