Започна фестивалот на новиот германски филм

Прилеп и оваа година е домаќин на 14 – то издание на Фестивалот на новиот германски филм кој започна синоќа, а ќе трае до 18 мај. Драма, трагикомедија и комедија, семејни, детски и кратки филмови е изборот за годинешниот Фестивал, што ЦК „Марко Цепенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија.

Отворањето на Фестивалот започна со извонредниот филм комедија „100 работи”, во режија на Флориан Давид Фиц. Денеска и во сабота, ќе бидат прикажани три детски филмови, три играни, а ќе има и проекција на кратки филмови.

Филмовите се грижливо избрани со цел да задоволат многу вкусови, а некои од нив се навистина ексклузивни, со постигнат огромен успех на филмските фестивали. Еден од филмовите беше и во конкуренција за наградата „Златна мечка” на престижното Берлинале – велат од Германската амбасада.