Започна доставувањето на предлози за доделување на 3-то ноемвриски награди и признанија!

По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп 3-ти Ноември, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, традиционално секоја година доделува општински награди и признанија “3-ти Ноември” како и награда за животно дело.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.
Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, на приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп почнувајќи од денес (19.09.2023) до 18.10.2023 година. Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3-ти Ноември 2022 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.

Ова денес на прес конференција го истакна претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, Игор Николоски.