Вработените во „Систина офталмологија“ донираа пакети со храна за најранливите категории на граѓани

Вчера во Општина Прилеп пристигна донација од 20 пакети со прехранбени производи, донација на вработените во „Систина офталмологија“, кои ќе им бидат поделени на семејства од најранливите категории.

Пакетите се озбезбедени со лични средства на седумдесетината вработени во „Систина офталмологија“, кои на овој начин сакаат да го дадат својот придонес и да им помогнат на одреден број семејства во општините кои се најпогодени од коронавирусот.