„Водовод и канализација“ ги реконструираше дотраените ѕидови на атмосферскиот канал кој ги одведува водите од населбата „Рид“

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, изврши реконструкција на постојниот атмосферски канал, на спојот на улиците „Вера Циривири” и „Борка Талески“. Каналот служи за одведување на атмосферските води од населбата Рид, до соодветен реципиент.

Реконструкцијата на атмосферскиот канал се состоеше од бетонирање на обрушените и дотраени ѕидови и поставување на нови, префабрикувани армирано бетонски плочи врз ѕидовите. Со реконструкцијата беа опфатени 20 метра од вкупната должина на каналот.