ВОДИЦИ 2022 – СИМБОЛИЧНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ

Поради пандемијата со КОВИД-19 во која што се наоѓаме и како што пренесуваат сите релевантни здравствени извори, поради големиот број на случаи и во нашиот град, Преспанско-пелагониската епархија и свештените лица од Прилеп истакнаа дека оваа година празникот Богојавление-Водици, ќе се одбележи скромно и симболично во дворот на црквата „Свето Благовештение“ (Стара Црква) во Прилеп. Во среда на 19.01.2022 во 09:30 часот во црковниот двор на светото фрлање на крстот ќе учествуваат неколку дечиња и со тоа ќе се задржи симболиката на овај голем празник, но воедно и ќе се запазат рестриктивните мерки и препораки да нема голема масовност. Градоначалникот Борче Јовчески ќе присуствува на светиот чин во црквата.

Во духот на православната христијанска вера и традиција, остануваме со позитивна мисла и верба во Бога, исто така упатуваме апел до сите наши сограѓани да се чуваат и да бидат одговорни и совесни за нивното здравје.