Во училиштето „Свети Кирил и Методиј“ во Канатларци е одбележан патрониот празник

Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Канатларци денеска со
пригодна програма го одбележа својот патрон празник. Се говореше за ликот и
делото на светите браќа, а потоа учениците изведоа рецитали, стихотворби,
играа и пееја стари македонски песни.

„Денеска го прославуваме патрониот празник на нашето училиште и ги славиме
светите браќа Кирил и Методиј. По тој повод сакам на сите вработени и
ученици да им го честитам овој ден. Наредниот период е предвидено во ова
основно училиште да се изгради повеќенаменско игралиште во училишниот
двор и да се постави нова ограда за да се заштити училиштето“, истакна
Бајрам Јусуфоски, директор на училиштето.

На патрониот празник присуствуваше и делегација од Општина Прилеп. Инаку,
ова училиште во Канатларци е вистински пример за соживот. Овде наставата
се изведува на македонски и турски јазик.