Вo среда (03.05) ќе се одлучува кој проект ќе се реализира преку Форумот на заедницата

Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските Совети-фаза 2“ вo среда 3 мај во 13:00 часот ќе се одржи четвртата по ред форумска сесија во хотел „Салида“ – Прилеп. На оваа последна сесија, учесниците на Форумот ќе ја донесат конечната одлука , кој од трите предложени проекти, ќе се реализира во општина Прилеп, по што ќе се усвојат и препораките од Форумот до Локалната самоуправа за преземање на следни чекори.
Инаку, спроведувањето на проектот „Форуми во заедницата“ се реализира во соработка со УНДП и Швајцарската Агенција за развој и соработка, ја финансираат Швајцарската Влада и Министерство за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.