Во Полициската станица во Прилеп одбележан 7 Мај, Денот на македонската полиција

По повод Денот на македонската полиција 7 Мај, градоначалникот Илија Јованоски заедно со претседателката на Советот на општина Прилеп Еленче Ташкоска, денеска ја посети Полициската станица од општа надлежност – Прилеп.

Честитајќи им го празникот, на вд командирот Дарко Цуцулески, како и на останатите раководни структури на Полициската станица од нашиот град, Јованоски им посака успешна работа и, исто како и досега, неселективен пристап во борбата со криминалот.

Заедничката констатација на градоначалникот Јованоски и на вд командирот Цуцулески, е дека безбедноста на граѓаните и доследното спроведување и почитување на законите особено во услови на пандемија на ковид-19, е врвен приоритет како на Општината, така и на ПС од општа надлежност-Прилеп, односно МВР.