Вистината поради што се затрупуваат одделни празнини, коишто требало да бидат фонтани ја пренесува ЈКП „Комуналец“

„Должни сме  да објасниме пред  јавноста што  работиме и кои се причините за преуредување на одредени делови низ градов.

Централниот дел на улицата,,Димо Наредникот“ е граден и пуштен во употреба во 2009 година. Од стартот со работа на овие улични фонатани- гејзери,  се јавија големи проблеми  во работењето на системите за регулирање и вртење на водата, како и системите за естетско осветлување, а поради фрекветноста во сообраќајот на оваа улица. Години и години, фонатаните  повеќе не функционираа, отколку што функционираа.

Последниве три  години,  воопшто  не беа пуштени во работа, ниту  ја вршеа функцијата за која беа изградени. Но, како главна причина за нашето моментално преуредување на овој дел,  е  безбедноста во сообраќајот и безбедноста на најмладите.  Децата,  често  гејзерите ги користеа за игра, а системите за вода и осветлување  користат  електрична енергија.

Но, секоја изведба и изградба има свој  рок на траење и  оправданост во функционирањето и пред сè безбедноста.

Централниот дел од улицата, иако во првите две години беше  новина за сите нас  и  украс на градов, последниве  години се покажа  како нефункционален и  небезбеден. Па, оттука и одлуката, тој да се преуреди  во цветна алеа, која ќе претставува украс во населбата ,,Димо Наредникот“.

Детскиот парк  со езеро во населбата ,,Ѓогдере“ е изграден  со средства од локалната самоуправа. По неговата изградба, освен делот со детско игралиште, езерото не е ставено во функција. Граѓаните од населбата   езерото го сметаа за небезбедно за најмладите и испраќаа петиции  до Општина Прилеп и до „Комуналец“.  Поради ова, локалната самоуправа ни издаде налог за преуредување.

Пред 2 недели овој дел е комплетно преуреден во парк со тревна површина и хортикултурно уредување и е ставен во функција на градот и граѓаните“, стои во соопштението на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.