Велигденска честитка на градоначалникот Борче Јовчески

„На сите православни христијани им го честитам големиот празник Воскресение Христово – Велигден. Овој најголем христијански празник е уште поголема можност да шириме позитивни мисли, љубов и разбирање кон сите, и да го чуваме и негуваме нашиот Македонски идентитет, култура и традиција. Токму традицијата е богатството на еден народ па затоа мораме да бидеме сплотени кон зачувувањето на нашето богатство. Македонскиот идентитет и јазик се неприкосновена реалност на нашиот народ. Тие се наше наследство од претходните генерации и аманет за идните генерации. Посакувам да имате верба, добродушност и искреност во вашите срца затоа што тоа е основата на христијанската вера, сакајте простувајте и во бога верувајте. Прославете го Велигден со вашите најблиски во мир и благосостојба.“

Градоначалник

Борче Јовчески