Улицата „Трајко Николоски“ од вчера е затворена за сообраќај

Заради поројните дождови кои изминатите два дена ја зафатија територијата на општина Прилеп, како и заради тековните градежни активности на мостот во населбата „Сточен пазар“, од вчера улицата „Трајко Николоски“ е затворена за сообраќај.

Општина Прилеп изработи проект за привремен режим на сообраќајот, со кој во следните 60 дена улицата „Трајко Николоски“ ќе биде целосно затворена за движење на моторни возила, освен за жителите од оваа улица.

После завршувањето на градежните активности на новиот мост, улицата „Трајко Николоски“ ќе биде повторно ставена во функција, за што граѓаните ќе бидат навремено известени.