Учениците од второ и трето одделение од ООУ „Кочо Рацин“ во посета на Градежниот факултет

Учениците од 2 – а и 3 – а одделение од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, заедно
со своите наставнички: Наташа Мирческа и Анета Стaнкоска, го посетија
Градежниот факултет во Скопје. Иницијативата потекнала од страна на
родителите, кои што вредно работеле со своите деца по предметот „Природни
науки“ на тема „Разгледување карпи“.

„Учиме за карпи по предметот ‘Природни науки’ . Градежниот факултет е вистинското место, каде што учениците може да ги продлабочат основни познавања за карпите. На иницијатива на родителите остваривме контакт со факултет и со продеканот Тодорка Самарџиоска. Навистина беше интересна оваа едукативна посета. Учениците проследија презентација и за силата, триењето и гравитацијата … Ја заокруживме посетата во ‘Кнауф’, компанија за производство на гипсени плочи“, вели Наташа
Мирческа, наставник на 2 – а одделение во ООУ „Кочо Рацин“.

Ова научно-истражувачко, квалитетно и креативно запознавање со материјата
ќе им овозможи на децата, подобро паметење на материјата, а со тоа и добар
темел за натамошна надградба на потребните знаења од природните науки.