Ученици од ООУ „Добре Јованоски“ победници на ревијалните училишни смотри

Ученици од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, коишто подготвија ритмички перформанс, го освоија првото место на годинешните ревијални смотри. Второто место им припадна на учениците од ООУ „Блаже Конески“, коишто подготвија рецитал, а третото место го освоија учениците од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане “ со балетски перформанс.

Во оваа манифестација која што традиционално се организира во мај, секое основно училиште учествува со своја културно-забавна програма. Вечерва жири комисија ги избра најдобрите изведби, од оние коишто ја поминаа првата селекција, по две точки од сите седум основни училишта.

Тричлената жири комисија ја сочинуваа, професорката по македонски јазик од СОУ „Ѓорче Петров“, Лидија Ристеска, претставник од Бирото за образование беше Даница Талимџиоска и Јасмина Мицеска од Општина Прилеп. На најдобрите ученици жири комисијата им додели плакети.

Во понеделник на пладне претставници на училиштата што добија наградит ќе бидат гости во кабинетот на градоначалникот, Илија Јованоски.