Светски ден за поддршка на лицата со епилепсија

Денеска е 26.Март, таканаречениот „Ввиолетов ден, односно Светскиот ден за поддршка на луѓето со епилепсија, кој секоја година со различни активности се одбележува на сите континенти и чиј заштитен знак е виолетовата боја.

Оваа година, поради новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19, сите активности за одбележување на овој ден се откажани. Од невладината организација Епилепсија Македонија“ чие седиште е во Прилеп, изјавија дека поддршката на „Виолетовиот ден“ ќе ја дадат само со објавување на постер.

Од „Епилепсија Македонија“ посочуваат дека сега не ниту време, ниту место за било какви собири и организирање на настани и апелираат да се седи дома и преку социјалните мрежи да се сподели постерот.

Главната порака која преку постерот ја испраќаат од „Епилепсија Македонија“ гласи: „Да се зголеми совеста за епилепсијата и да се разбијат вообичаените митови и верувања за ова невролошко заболување“.

Виолетовата боја е одбрана како за заштитен знак на епилепсијата, како боја која се поврзува со чувството на осаменост, како резултат на општествената стигматизација и маргинализација на лицата со епилепсија.