Свети Трифун одбележан во Прилеп

Градоначалникот Борче Јовчески денеска присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата кај параклисот посветен на Св. Трифун, кој се наоѓа кај месноста Склештен мост, во близина на Прилеп.

Градоначалникот на домаќините и присутните им го честита празникот посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет. Православниот празник Св. Трифун, светител кај народот е попознат како заштитник на лозарите.На одбележувањето присуствуваа  голем број на посетители.